Политика за приватност на личните податоци

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Сребрен Накит М&Е (понатаму: „Silvermie“) ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: “корисник”) при посета на нејзината интернет страна www.silvermie.com (понатаму: ”интернет страна”).

Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:

  • Кои информации ги собираме?
  • За кои цели се користат собраните податоци и информации?
  • На кој начин се врши обработката на личните податоци?
  • Колачиња на пребарувачот на интернет
  • Безбедност на податоците
  • Промени во политиката за приватност на личните податоци
  • Прифаќање на условите
  • Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува.

При посета на интернет страната, Silvermie ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт, адреса за достава), кои што ги оставате во формата при пазарување на некои од нашите производи преку интернет страната.

При онлајн пазарување, Silvermie нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Silvermie ги обработува Вашите лични податоци за:

  • Вршење на контакт на корисникот и вршење достава на производите кои што се нарачани преку оваа интернет страна
  • Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

  • Обработката на Вашите лични податоци Silvermie ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
  • Вработените во Silvermie се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Колачиња на пребарувачот на интернет Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. Со помош на колачињата Silvermi го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната. Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Silvermie користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страната:

  • Неопходни колачиња – колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки.
  • Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
  • Колачиња за аналитика – колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.
  • Функционални колачиња – колачиња кои овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страната.
  • На интернет страната има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги има поставено. Во поставките на својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата.
  • Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интеренет страната може да не функционираат како што е предвидено.
  • За да ги промените подесувањата за колачиња, притиснете на: Cookie settings Безбедност на податоците Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери.

Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.

Промени во политиката за приватност на личните податоци Silvermie има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените. Прифаќање на условите Со продолжување на online наплатата и користењето на интернет страната www.silvermie.com, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да ја прекинете нарачката на оваа интернет страната.

Сребрен Накит М&Е Датум на ажурирање: 29.01.2024

Корисни линкови:

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:

EMAIL:

mihailo_n@yahoo.com

СЕДИШТЕ НА КОМПАНИЈАТА:

Сребрен Накит М&Е
ул. Свети Спасо Радовишки бр. 93

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Понеделник 10:00-20:00
Вторник 10:00-20:00
Среда 10:00-20:00
Четврток 10:00-20:00
Петок 10:00-20:00
Сабота 10:00-18:00

Scroll to Top